You are here: Home Танцов клуб За нас

За нас

Спорт Денс Нова е танцов клуб кој со работа започнува во Септември 2005та година.

Зад овој успешен проект стои Димче Алексоски чија натпреварувачка кариера датира уште од 1994та година и бележи историски успех на меѓународните и домашните танцови натпреварувања (повеќекратен државен и меѓународен првак во Латиноамерикански и Стандардни танци, најголем успех на македонски натпреварувач на 3те танцови светски првенства во Украина, Германија и Австрија).
Во Спорт Денс Нова со Алексоски како инструктор, за прв пат во нашата земја луѓето имааа можност да се запознаат со карипските танци: салса и бачата. Популарноста на овие часови придонесе за прв пат во Скопје да се воведе и концептот на латино забави, каде членовите на клубот доаѓаат да се дружат и да танцуваат. Овој концепт на организирање забави од страна на Спорт Денс Нова до ден денес успешно опстојува под името La Noche de Cuba.

Покрај учеството на работилници во странство, Спорт Денс Нова го организира и првиот OHRID SALSA CAMP во 2011 и OHRID DANCE CAMP во 2012 година, а во Скопје беа организирани семинари од 2008ма па се до 2013та година.

buy amoxicillin prescription online

Во 2011та година, на покана на тогашниот директор на танцовиот клуб Ритам Плус, Димче Алексоски станува сопственик и директор на Ритам Плус каде што е инструктор и ден денес.



Танцов спортски клуб Ритам Плус (Скопје) e основоположник на танцот на овие простори кој постои од 1974 година, а важи за клуб со најголем број на трофеи како на национално, така и на меѓународно ниво. 

Сите овие години Ритам Плус со своите успеси во Латино-американските и Стандардните танци (Спортско и Рекреативно танцување), настаните кои ги организира (Семинари, Матурска парада, Виенски бал, меѓународното првенство "Skopje Open" ...) покажа зашто е препознатлив бренд во Македонија и пошироко.

 

Танцувајте:

  • САЛСА / БАЧАТА
  • ЛАТИНО-АМЕРИКАНСКИ и СТАНДАРДНИ ТАНЦИ
  • ZUMBA fitness
  • ХИП ХОП
 
  • Контакт информации

  • Кои сме ние?

Можете да нé контактирате преку:

  • ЛОКАЦИИ: Центар, Карпош и Аеродром
  • Тел: ++389 71 34 64 53

Танцов спортски клуб Ритам плус

Нашата мисија е промовирање на друштвено танцување, танцот како спорт, изучување на стандардни и латино-американски танци...едноставно секаков облик на танцување. Секогаш сме креативни па затоа бидете дел од нашиот клуб, танцувајте за време на часовите или на многуте латино забави кои ги организираме.