You are here: Home Часови Салса & Бачата

САЛСА & БАЧАТА

Е-пошта

Салса & Бачата

Салсата е во моментов еден од најпопуларните меѓународни друштвени танци, кој своите корени ги влече од повеќе региони, меѓу кои се: Латинска Америка, Африка, Карибите и Северна Америка. Зборот салса често се преведува како земјата на сосовите, или пак сос со зачинет вкус од каде и потекнува сензуалната естетика на овој танц.

Во древните времиња овие исклучителни танци и звуци биле користени за повикување на разни богови. Зачетоците на салсата можат да се забележат во преубавата Куба каде кубанските ритми пополека пробиле низ целиот свет со трговијата со робови.
Корените на салсата се од Афро-кубанската румба и Сон танцувањето кои се сосема отворени за импровизација. Преку импровизирањето, салсата постојано нуди новини и секојдневно се развива. Салсата е типичен танц за парови, „Силуета“ и „Руеда де Казино“ каде што паровите ги разменуваат партнерите во круг. Салсата покрај тоа што може да биде импровизирана, нуди можност да се врши со сет рутина, кореографија и слободен стил.

Бачата е стил на музика и танц со корени од Доминиканската Република. Таа прави исклучителна широка дистрибуција во земји од Латинска Америка во Карибите, како и оние на САД во шпанска заедница, каде доминира и е раководена од страна на имигранти од овие земји. Бачата музиката е привлечна и најчесто на неа се игра по враќањето дома од напорниот ден поминат на работа. Танчерите ја изведуваат бачатата со користење на секојдневни предмети, кои обично можат да се најдат во сечиј двор, вклучувајќи корпи за отпадоци, дрвени огради и слично. Во некои делови на Доминиканската Република, Бачата терминот всушност значи ѓубре, додека други го толкуваат како прослава и забава.

Во текот на годините, Бачата танцот и музиката одржувале многу блиски врски со пан-латиноамерикански стил наречен Болеро. Подоцна, танците како меренге и салса служеле како подлога која влијаела најмногу во развојот на Бачата танцот.
Бачатата како еден од друштвените танци овозможува голема размена на емоции и чуства, бидејќи телата на партнерите се наоѓаат во непосредна близина во која можат да ја осетат вистинската страст на Бачата музиката.

ТСК Ритам плус е единствениот клуб во Македонија кој успева на професионален начин да им овозможи на сите посетители на Салса и Бачата часовите да навлезат длабоко во тоновите на музиката, која им дозволува своите емоции да ги изразат преку Салса и Бачата движењата.

 
  • Контакт информации

  • Кои сме ние?

Можете да нé контактирате преку:

  • ЛОКАЦИИ: Центар, Карпош и Аеродром
  • Тел: ++389 71 34 64 53

Танцов спортски клуб Ритам плус

Нашата мисија е промовирање на друштвено танцување, танцот како спорт, изучување на стандардни и латино-американски танци...едноставно секаков облик на танцување. Секогаш сме креативни па затоа бидете дел од нашиот клуб, танцувајте за време на часовите или на многуте латино забави кои ги организираме.