Zumba ® fitness - Раздвижи го твојот свет во сосема нов ритам!
Дали сте подготвени да се забавувате себеси, а истовремено да го доведете своето тело во совршена форма? Тогаш Zumba ® програмата е токму тоа што го барате. Таа е возбудлива, ефикасна, лесна-за-следење, инспирирана од латино танците, таа е танц за согорување калории, едноставно е програма која движи повеќе од милиони луѓе кон задоволство, среќа и здравје.
Во основата на Zumba ® тренингот се крие забавата!
Приклучете се на Zumba ® fitness часови во Танцовиот Спортски Клуб Ритам Плус и изгубете ја посакуваната тежината без голем напор. Танцувајте низ животот!
Zumba ® fitness е фитнес програма која е инспирирана од латино-американските танци која се изведува на музика која е мешавина од интернационални изведувачи и создадена од страна на победнички продуценти на Греми наградите, сето тоа поткрепено со заразни чекори кои формираат фитнес забава која претставува чиста зависност.
Од своето основање во 2001 година, програмата Zumba ® прерасна во најголем светски бренд. Таа е програма со која повеќе од 12 милиони луѓе од сите возрасти, форми и големини, посетуваат неделно Zumba ® часови на повеќе од 110.000 локации во повеќе од 125 земји ширум светот, каде што се забавуваат и ја постигнуваат својата совршена форма.