You are here: Home
E-mail

Латиноамерикански и Стандардни танци

Latin & Standard

Латино танц е генерален поим (во смисла на жаргон за натпреварувачки танци во двојки) што се однесува на различни форми на натпреварувачки танци кои потекнуваат од Латинска Америка (вклучувајќи ги и Порто Рико и Куба).

Како пример за типични латино танци може да се земат ча-ча-ча, румба, самба, мамбо, меренге, тумба, бачата, бомба, плена, пасо добле и болеро. Некои во оваа група го вклучуваат и тангото и Аргентинското танго.

На меѓународно ниво, како дел од танцувачкиот спорт (признаени од WDC, WDSF, IDSA, и IDU) се Ча Ча, Самба, Румба, Пасо Добле и Џаив.


Стандарден танц претставува генерален поим кој се однесува на одредена група на танци кои се играат во двојки на натпревари низ целиот свет, но и како друштвени танци. Поради убавината и елеганцијата со која се карактеризираат сите овие танци, истите често се среќаваат на сцената, филмот и на телевизија.

Со развојот на танцувачкиот спорт во денешно време, поимот стандарден танц е многу попрецизен. Обично се однесува на меѓународни стандардни танци признаени од WDC, WDSF, IDSA и IDU, а тоа се Англиски Валцер, Виенски Валцер, Слоуфокс, Квикстеп и Аргентинско танго.

Во ТСК Ритам плус се изучуваат сите меѓунардно признати латино и стандардни танци и како друштвени танци, но и на натпреварувачко ниво. Инструкторите се со долгогодишно искуство во танцот како спорт, тие се повеќекратни државни прваци во истите и лиценцирани судии за танцовите натпревари од домашен и меѓународен карактер.

ТСК Ритам Плус има најдолга традиција во областа на спортското танцување (Латиноамерикански и Стандардни танци). Спортските танцови двојки и многубројните пехари го оправдуваат приматот на најтрофеен и најуспешен танцов клуб во Македонија и многу пошироко.

 
  • Contact us

  • Who we are?

Please contact us at the following.

  • LOCATIONS: Center, Karposh, Aerodrom
  • Tel: ++389 71 34 64 53

Dance Sport Club Rhythm Plus

Promoting Social Dancing, Dance sport, Learn Ballroom & Latin Dances... We are very creative, so be a part of our dance lessons and Latino Parties.